Регистрација

Регистрирај се

Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од Обувки Метро преку веб страната www.obucametro.mk потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на www.obucametro.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија.

Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната www.obucametro.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци.

Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на Обувки Метро. Обувки Метро го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на Обувки Метро, www.obucametro.mk .