Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката. Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Пакуваните производи се враќаат кај нас преку брза пошта на адресата што ја добивате од наша страна на свој трошок. Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Obuca Metro Online Shop има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку трансакциска сметка.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 071 337 790 и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.

Кога ќе ги доставите потребните податоци, ќе се креира документација која ќе ви биде проследена со постапката за враќање на средствата на e-mail адресата што сте ја оставиле при креирање на нарачката. Повратот се врши исклучиво на горе наведениот начин, со уплата на тековната сметка во денари и не е можно да се испратат пари преку курир во готово.