ИСПОРАКА
Рок на испорака
Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.
Рокот на испорака е до 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд и празник ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.
Работното време на нашиот online shop е од 9 до 17 часот во текот на неделата, а за викенд не работи.
Превземање на пратки
Обувки Метро соработува со надворешни курирски служби кои ја вршат доставата на пратките до адресата за испорака наведена при креирање на нарачката. Доставата преку курирската служба Eco Logistic се врши од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот и во сабота од 09:00 до 15:00 часот, додека доставата преку курирската служба Ин Пошта Радески се врши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и во сабота од 09:00 до 14:00 часот. Курирските служби се екстерни фирми, поради што точниот термин на достава зависи од нивната организација и рута на достава. Ве молиме во тој период да има личност која ке може да ја прими доставата. При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик на телефонскиот број 071 337 790 или по пат на e-mail online@obucametro.mk. Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдеме до заклучок и да се договориме за повторно испраќање.
Поделени пратки
Поради различната достапност на производите во нашите продавници, можно е една нарачка да биде поделена во повеќе пратки.
Во случај на поделени пратки, купувачот ќе биде известен. Доколку вкупната вредност на нарачката е под 2.990 денари, се наплаќа само една достава. Доколку вкупната вредност на нарачката е над 2.990 денари, доставата е бесплатна.
Откупот на секоја пратка може да биде различен, во зависност од производите кои се испратени во таа пратка, но вкупниот износ на нарачката останува согласно направената нарачка.
Цена на Испорака
Доставата е бесплатна за сите нарачки чија вкупна вредност е над 2.990 денари.
За сите нарачки чија вкупна вредност е под 2.990 денари, доставата се наплаќа според курирската служба преку која се испраќа пратката:
- Достава преку Ин Пошта: 190 денари
- Достава преку Еко Логистик: 220 денари
Трошокот за достава ќе биде наведен при креирање на нарачката и/или на фактурата, согласно начинот на испорака.
Доколку нарачката ја плаќате со платежна картичка за време на купувањето во нашата online продавница во вкупниот износ на нарачката ќе биде пресметан и трошокот за достава, така што немате потреба да ја платите доставата на курирската служба при достава.
НАПОМЕНА:
- Со потврда на нарачката и кликнување на ПОТВРДИ ЈА НАРАЧКАТА, се согласувате со условите за достава.
- Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со условите за испорака.
- Обувки Метро не одговара за евентуални доцнења, дополнителни наплати или пропусти направени од страна на курирската служба, доколку од наша страна пратката е предадена со точна адресница, спецификација и наведен износ за откуп.