1. ВОВЕД

Правното лице е Теха ДОО Тетово, а трговскиот бренд е Обувки Метро, во понатамошниот текст ќе се користи името Обувки Метро. Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на Обувки Метро www.obucametro.mk Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување: Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.obucametro.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на Обувки Метро. Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на Обувки Метро нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на Обувки Метро. За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со Обувки Метро се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на Обувки Метро.

 

2. РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од Обувки Метро преку веб страната www.obucametro.mk потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на www.obucametro.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија. Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната www.obucametro.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на Обувки Метро. Обувки Метро го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на Обувки Метро, www.obucametro.mk.

 

3. УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Цените на сите производи на www.obucametro.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени во салоните на Обувки Метро и ќе бидат соодветно означени на веб апликацијата www.obucametro.mk. Обувки Метро го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Обувки Метро. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Обувки Метро има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

 

4. НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за производите и услугите на Обувки Метро купени преку веб страната www.obucametro.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

-Плаќање со платежна картичка
-Плакање со банкарски налог и верификација на оператор
-Плаќање при достава на производот

4.1. Плаќање со платежна картичка Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Стопанска Банка АД Скопје, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот, а електронското дополнување е овозможено со истите картички издадени само во Р. Македонија. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта и/или СМС.

4.2. Плаќање со банкарски налог и верификација на оператор Плаќањето со Банкарски налог може да се изврши од страна на Физичко или правно лице од сите Банки регистрирани на територија на Република Македонија со сосдветен налог за трансфер нa средства по извршената онлајн нарачка и избирање на начин на плакање ”Плакање со Банкарски налог” По извршеното плаќање од страна на купувачот вработениот оператор за контрола и потврда на извршена трансакција е должен да ја провери веродостојноста на податоците и износот на извршената уплата со Банкарскиот налог, по што се пристапува кон известување на купувачот по пат на СМС порака или електронска пошта, по што се врши организирање на испорака на производот(те) на дадената адреса за испорака од страна на купувачот.

4.3 Плаќање при достава на прозводот При доставата и превземањето на пратката која претходно е нарачано преку нашата веб страна www.obucametro.mk , плаќањето на нарачката се врши исклучиво во готовина во денарска валута на курирот од нашата партнерска курирска служба која ја бирате во корпа и која Ви ја доставува пратката. При плаќањето,курирот е должен да издаде доставница/потврда за извршена уплата од страна на купувачот која служи и како доказ во случај на рекламација/враќање на производот.

 

5. ИСПОРАКА

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава. Испораката на нарачката се врши исклучиво на подрачјето на Р. Македонија Рокот на испорака е 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 9 до 17 часот во текот на неделата.

Превземање на пратки Курирските служби PostExpress и Фалкон Логистик Курир (екстерни фирми кои ја вршат доставата за нас) пратките ги доставуваат на адресата за испорака со следното работно време и тоа: Фалкон Логистик Курир секој работен ден од 8 до 16 часот и сабота од 8 до 16 часот, а PostExpress секој работен ден од 9 до 19 часот и сабота од 9 до 19 часот. Ве молиме во тој период да има личност која ке може да ја прими доставата. При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик на телефонскиот број 071/337-790 или по пат на e-mail online@obucametro.mk.

Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдеме до заклучок и да се договориме за повторно испраќање.

Цена на Испорака Цената на достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 2.500 ден. е бесплатна!

Напомена
Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со условите за испорака.

 

6. ОДГОВОРНОСТ НА ОБУВКИ МЕТРО ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Обувки Метро во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи Обувки Метро нема обврска да изврши поврат на уплатените средства. Обувки Метро не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.

 

7. ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Обувки Метро се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страницата на Обувки Метро и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија. Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Обувки Метро www.obucametro.mk , се наведени во Политиката за приватност, која исто така е објавена на веб страницата на Обувки Метро, www.obucametro.mk .

Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат. При посетата на web страницата, Обувки Метро не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на Обувки Метро.

Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Обувки Метро, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страницата на Обувки Метро. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страницатa на Обувки Метро.

 

8. ЕЛЕКТРОНСКОТО ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна на Купувачот гарантира АД Стопанска Банка Скопје. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.

Притоа, податоците поврзани со платежната картичка на Купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска Обувки Метро не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка. Обувки Метро по ниту еден основ не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на Купувачот за време на реализација на електронското плаќање, бидејќи целокупното електронско плаќање е во надлежност на Банката.

 

9. ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.

Доколку Купувачот се определи за плаќање на услугите/и или производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна Обувки Метро, Купувачот добива е-маил порака или СМС со извештај за статусот на извршената уплата т.е. нотификација за тоа дали извршената трансакција е успешна или неуспешна. Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор во било која продавница на Обувки Метро или на online@obucametro.mk .

Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција. На сите кориснички рекламации и поплаки, Обувки Метро ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

 

10. ЗАМЕНА НА ГОЛЕМИНА И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД СО ДРУГ

Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме да не контактирате на телефонскиот број 071/337-790 или да ни испратите е-маил на online@obucametro.mk. Неопходно е да го имате бројот на фактурата/испратница и да ни го кажете кодот на производот и големината која Ви одговара.

Потоа се врши физичка проверка во кој малопродажен објект е достапна бараната големина, односно бараниот производ по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена на потребната големина, односно замена на производот за друг. Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета и фактура. По прием на производот, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите замена во малопродажните објекти на нарачаниот производ. Нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен.

РОК ЗА ЗАМЕНА

Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Потоа, рокот за замена на големина на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.

Трошоци за достава

Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

НАПОМЕНА: Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за замена на поголем производ и замена на производот со друг.

 

11. ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ/ВРАЌАЊЕ НА РОБА

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката . Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета . Пакуваните производи се враќаат кај нас преку брза пошта на адресата што ја добивате од нашите продавачи на свој трошок .

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Obuca Metro online shop има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 071/337-790 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата online@obucametro.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.

Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок. Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена. Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата online@obucametro.mk .

 

12. РЕКЛАМАЦИЈА

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 071/337-790 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата online@obucametro.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот.

Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок. Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена. Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата online@obucametro.mk .

 

13. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот. Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е заклучена до крај, односно содржината на нарачката се уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот www.obucametro.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана. Обувки Метро го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината на www.obucametro.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на Обувки Метро, корисникот ќе може да ги прочита на веб страната на Обувки Метро www.obucametro.mk .

Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава. Се согласувам во целост со условите за електронска трговија, интернет купување и плаќање.